ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

  • Print

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

  1. ПОДАТОЦИ ЗА КОНТРОЛОРОТ

  • Фирма: Трговско друштво за вработување инвалидни лица, производство, промет и услуги РИМА-СТИЛ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје (во натамошниот текст РИМА-СТИЛ”)

  • Седиште: ул. Индустриска 1 бр. 41, Скопје, Општина Гази Баба

  • Телефон за контакт: +389 (2) 2462 162, +389 70 213718

  • Е-mail адреса за контакт: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

  • Веб страна за контакт: http://www.rimastil.mk, https://www.facebook.com/rimastillim

Контролорот РИМА-СТИЛ посветува значително внимание на заштитата на личните податоци во секој сегмент на деловните процеси, преку примена на стандардите утврдени со законските и со подзаконските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија, како и со интерните акти на компанијата.

Оваа политика на приватност е во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, објавен во Службен весник бр. 42 од 16.02.2020 година.

  1. ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Може да го контактирате лицето Никола Ангелески, назначен како Офицер за заштита на личните податоци, на следниот е-маил: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Секој посетител на оваа веб страница, може во секое време директно да контактира со нашиот офицер за заштита на личните податоци за какви било прашања и предлози во врска со заштитата на личните податоци.

  1. ДЕФИНИЦИИ

Политиката за приватност на РИМА-СТИЛ се заснова на термините што ги користи Законот за заштита на личните податоци (во натамошниот текст: ЗЗЛП). Таа треба да биде разбирлива за сите посетители на нашата веб страница. За да бидеме сигурни дека навистина е така, прво ќе ги објасниме поимите што ги користиме.

Во оваа политика за приватност, меѓу другото, ги користиме следниве поими:

  • Лични податоци

Под личен податок се подразбира секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатори како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет.

  • Субјект на личните податоци

Субјект на личните податоци е идентификувано или физичко лице кое може да се идентификува, чии лични податоци ги обработува контролорот одговорен за обработка на личните податоци.

  • Обработка на личните податоци

Обработка на личните податоци е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.

  • Ограничување на обработката на податоците

Ограничување на обработката на личните податоци е означување на личните податоци кои се чуваат, a со цел ограничување на нивната обработка во иднина.

  • Профилирање

Профилирање е секоја форма на автоматска обработка на лични податоци, која се состои од користење на лични податоци за оценување на одредени лични аспекти поврзани со физичкото лице, а особено за анализа или предвидување на аспекти кои се однесуваат на извршување на професионалните обврски на тоа физичко лице, неговата економска состојба, здравје, лични преференции, интереси, доверливост, однесување, локација или движење.

  • Контролор

Контролор е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.

  • Обработувач

Обработувач е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.

  • Корисник

Корисник е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка.

  • Трето лице

Трето лице е секое физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое не е субјект, контролор, обработувач или лице, кое под директно овластување на контролорот или обработувачот е овластено да ги обработува податоците.

  • Согласност

Согласност на субјектот е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјава на волја, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци.

  1. НАЧЕЛА, ПРАВНИ ОСНОВИ И ЦЕЛИ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Ние ја почитуваме Вашата приватност и собираме, евидентираме, обработуваме и чуваме лични податоци законито, транспарентно и правично, во согласност со законските прописи и со правните основи утврдени во нив.

Личните податоци се собираат за јасни, конкретни и легитимни цели и ќе се обработуваат единствено во согласност со тие цели. Личните податоци ги обработуваме со цел ефикасно обезбедување на бараната услуга, исполнување на законските обврски, пријавување на несаканите ефекти, испраќање известувања и најефикасен одговор на Вашите барања.

Притоа, обработката е ограничена само на оние лични податоци што се неопходни за исполнување на целта заради која се обработуваат, т.е обемот на лични податоци е минимален.

Собраните податоци може да бидат обработени за следниве цели:

  • за да Ви ја обезбедиме бараната услуга, односно да Ви обезбедиме информации за нашите производи и услуги;

  • за други цели за кои сте побарале, сте поставиле прашање или сте се согласиле, освен ако со закон не е предвидено поинаку;

  • доколку контактирате или се поврзете со нас преку социјалните мрежи;

  • заради исполнување на законските обврски што контролорот РИМА-СТИЛ е должен да ги почитува и

  • за анализирање на посетите на нашата страница, идентификување на интересите на корисниците и за одржување на информациската сигурност на нашата страница.

  1. НАЧИН НА СОБИРАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Во зависност од тоа како ќе изберете да комуницирате со нас, ние собираме разни видови податоци за Вас. Понекогаш ни ги давате директно (на пр. кога креирате ваш профил, кога ќе ни поставите прашање и слично), понекогаш ги собираме ние (на пр. користиме колачиња за да разбереме како ги користите нашите страници/апликации), а понекогаш добиваме податоци од веб-страници/апликации на трети страни (социјални мрежи).

Личните податоци што ги доставувате при користење на секцијата „ КОНТАКТ ФОРМА“ / “CONTACT FORM” се користат со цел да одговориме на Вашето прашање или барање или да размениме дополнителни податоци поврзани со барањето. Вашите лични податоци нема да се користат за ниедна друга цел.

Собираме податоци преку социјалните мрежи и платформи, преку содржината што самите ја креирате и ја споделувате со нас на социјалните мрежи и платформи на трети лица или доколку самите ја поставите на некоја од нашите страници или апликации, вклучително и употреба на апликациите или платформите на трети страни како што е ФЕЈСБУК или ИНСТАГРАМ.Запомнете дека целата содржина што ја објавувате на социјалните мрежи и платформи е достапна за јавноста, па затоа бидете внимателни кога споделувате одредени лични податоци. Исто така, може да собереме каков било личен податок што го споделувате јавно и што е дел од Вашиот профил и кои било дополнителни информации или активности што ги објавувате на социјалните мрежи и платформи.

  1. КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ОБРАБОТКА И РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ НА ИСТИТЕ

Бидејќи целосно го почитуваме принципот на минимален обем на податоци, ги собираме само оние податоци што се неопходни, релевантни и ограничени на потребите за целите за кои се обработуваат. Секогаш кога ќе ја посетите нашата страница, нашиот веб-сервер привремено ги регистрира следниве податоци:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса;

  • Вид на уредот од кој пристапувате;

  • Вашиот оперативен систем;

  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија;

  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;

  • Држава (се одредува преку IP адресата).

Во зависност од колачето(HTTP cookie), рокот на чување на личните податоци е различен, зависно од целта за која се наменети. Колачињата обично истекуваат по одреден временски период, кој може да биде во траење од неколку минути до повеќе од една година.

  • Контакт форма / комуникација преку официјална е-маил адреса: собираме име, презиме, адреса на електронската пошта и други информации поврзани со Вашето барање. Личните податоци што ни ги доставувате во врска со Вашето барање може да се користат само за да одговориме на прашањето, како и за размена на дополнителни информации во врска со барањето. Личните податоци се обработуваат единствено за целта за која се собрани, односно одговор на вашето прашање или барање, а рокот за нивно чување е до исполнување на целта, но не подолго од 12 месеци.

  • Социјални мрежи и платформи: може да собереме податоци преку содржината што сами ја креирате и ја споделувате со нас на социјалните мрежи и платформи на трети лица или доколку сами ја поставите на некоја од нашите страници или апликации, вклучително и употреба на апликациите или на платформите на трети страни, како што се: ФЕЈСБУК, ИНСТАГРАМ, и сл. Содржината може да вклучува фотографии, видеа, лични приказни или други слични содржини поврзани со РИМА-СТИЛ. Може да собереме каква било информација која вие ја споделувате јавно и која е дел од Вашиот профил (на пр. име, адреса на електронска пошта, град во кој живеете, слика и сл.) и кои било дополнителни информации или активности кои ги објавувате на социјалните мрежи и платформи. Рокот за нивно чување е до исполнување на целтa.

Контролорот РИМА-СТИЛ ги презема сите технички и организациски мерки за обезбедување највисоко ниво на тајност и на заштита на обработката на Вашите лични податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална злоупотреба на нив. Пристапот до Вашите лични податоци е ограничен на оние вработени за кои сметаме дека имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци заради остварување на целта за која се дадени.

  1. ВИДОВИ НА ЗБИРКИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

БР. 1 – Збирка на вработени во друштвото

БР. 2 – Збирка на клиенти - правни и физички лица

БР. 3 – Збирка на податоци преку системот за видеонадзор

БР. 4База на потенцијални вработени/кандидати пријавени на оглас за вработување

  1. ПРОМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

РИМА-СТИЛ има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во било кое време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува политиката за приватност и дека е свесен за промените.

Во секое време, доколку имате дополнителни прашања, може да го контактирате Офицерот за заштита на лични податоци.